Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Македонија подобра од Летонија на стартот од квалификациите за ЕП 2020 година
    Фудбал

    Македонија подобра од Летонија на стартот од квалификациите за ЕП 2020 година

    risteBy riste21/03/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонија со победа ги започна квалификациите за ЕП 2020 година, со триумф над селекцијата на Летонија со 3:1 (2:0).

    Нашата репрезентација одлично го започна натпреварот со брз гол на Алиоски кој во 11 минута по асистенција на Горан Пандев успеа да погоди за водство од 1:0. Македонија доминираше во првото полувреме, а во 23.минута Хасани мораше да ја напушти играта поради повреда и на негово место влезе Елиф Елмас кој во 29 минута успеа да постигне гол за водство на Македонија од 2:0 со што нашата селекција направи солидна предност по првиот дел во кој доминиравме и имавме уште неколку удари кон голот на Летонија.

    Во вториот дел Макеоднија ја смири играта и сакаше рутинирано да дојде до овие бодови, но во 88.минута Исајевс намали на 2:1 за да биде фуинишот од натпреварот неизвесен. Сепак во судиското продолжение Елиф Елмас постигна уште еден убав гол за конечни 3:1 и победа на Македонија.

    Следниот натпревар Македонија го игра во недел ан 24.март во Љубљана против Словенија. Во нашата група вечерва Израел и Словенија одиграа нерешено 1:1,  додека Полска славеше во Виене против Австрија со 1:0.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.