Селекторот на репрезентацијата на Словенија, Матјаж Кек, верува во успех на неговата селекција на денешниот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 против Македонија.
“Македонија е одлична репрезентација и победува на средбите кои ги игра, беше одлична во Лигата на нации, а тоа не е случајно. Имате одличен тим, добри индивидуалци, но и компактен состав. Сепак, ние веруваме дека можеме да славиме, играме дома, пред нашите гледачи. Ќе сториме се за да стигнеме до триумф. Имавме добри моменти против Израел, треба да ги повториме и против Македонија”, изјави на вчерашната прес конференцијата селекторот на словенечкиот национален тим Матјаж Кек.

