Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, нема намера да остане во редовите на „црвените ѓаволи“, пишуваат денеска медиумите во Франција.
Според нив, репрезентативецот на „галските петли“ сака да направи трансфер во Реал Мадрид. Токму неговата изјава додека има пауза во шампионатите дека сон на секој играч е да настапи за Реал Мадрид, само ги зголемува шпекулациите околу неговата иднина.
Бидејќи Погба има договор со англискиот тим до 2021 година, секој состав што ќе сака да го обезбеди неговиот потпис ќе треба да плати голема сума.

