Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, побарал да стане најлатениот играч на Реал Мадрид. Според –„ Tuttosport“, неговиот агент задолжен за трансфери, Мино Раиола, деновиве ги доставил комплетните финансиски побарувања до шпанскиот клуб.
Изданието тврди дека Погба побарал 16 милиони евра (13,65 милиони фунти.) годишно од Реал. Во моментов во редовите на „кралевите“ највисока плата добива Герет Бејл – 14 милиони евра а по него е капитенот, Серхио Рамос, со околу 11 милиони.
Французинот иако се чувствува многу подобро по назначувањето на Оле Гунар Солскјер на кормилото на „црвените ѓаволи“, пред неколку дена потенцираше во изјавата дека Реал е „клуб од соништата” а Зинедин Зидан е тренер со кој секој би сакал да работи.