Нашиот фудбалски „бисер“, Елиф Елмас, во текот на летото најверојатно ќе го напушти турскиот состав Фенербахче откако и италиајнската Фиорентина се вклучи во трката за неговиот потпис.
Имено, скаутите на калчо-лигашот ги следеле настапите на Елмас за македонската репрезентација по што била донесена одлука да се испрати и официјална понуда за неговиот потис во висина од 15 милиони евра.
Претходно имаше одредени вести дека за македонскиот играч се заинтересирани и Реал Мадрид, Манчестер Сити, Борусија Дортмунд, Лион… итн.