Централниот дефанзивец на Баерн Минхен Матс Хумелс изјави дека ја разбира делумно одлуката на селекторот Јоаким Лев за подмладување на Бундестимот, но не изгубил надеж дека еден ден повторно ќе игра за Германија.
30-годишниот Хумелс, кој има 70 натпревари за Германија, е еден од тројцата играчи на кои Лев повеќе нема да смета. Останатите двајца се негови соиграчи од Баерн Минхен Томас Милер и Жером Боатенг.
„Знам дека Јоги немаше како да најде совршениот начин на кој ќе ни го соопштеше тоа. Се разбира, бев шокиран кога дознав за неговата одлука. Делумно го разбирам, но тоа не значи дека ќе се откажам официјално од националниот тим”, изјави Хумелс.

