Без разлика дали ќе се пласираат во Лигата на шампионите или не, Арсенал планира во текот на летото да биде активен на трансфер пазарот.
Според информациите на весникот „Индепендет“”, Унаи Емери сака да привлче барем петмина нови фудбалери. Приоритет за менаџерот на „топџиите“е да ја засили одбраната. Арсенал има намера да ги ангажира централниот дефанзивец на Барселона Самуел Умтити и левиот бек на Баерн (Минхен) Давид Алаба.
Умтити има само 9 натпревари во „Ла Лига“ од почетокот на сезоната. Очигледно дека му е тешко да се избори за несто во стартниот состав во конкуренција на Жерард Пике и Ленгле, а ако на „Камп Ноу” пристигне и Матијас Де Лихт, неговите шанси да игра редовно ќе бидат уште помали и тоа може да доведе до разделба помеѓу двете страни.
Ситуацијата со Алаба е поинаква. Тој беше незаменлив во првиот состав на Баерн Минхен, но настапот во оваа сезона е прилично променлив. Австрискиот репрезентативец повеќе не спаѓа во категоријата на незаменливи играчи на Баварците и секоја солидна понуда ќе биде внимателно разгледана.
Емери верува дека во втората сезона откако ќе биде на клупата на Арсенал, ќе може целосно да ги наметне своите идеи и да го направи тимот конкурентен за титулата.

