„Граѓаните“ се лидери во Премиерлигата, го освоија Лига купот, се најдоа во завршницата на ФА купот, а во престижната Лига на шампиони ќе се борат за полуфинале.
„Привилегија е на почетокот на април да се биде активен во сите натпреварувања и да се бориш за титулата во Англија. Тоа е единствено искуство. Психички сме подготвени и со нетрпение чекаме да тргнеме во овој низ натпрвеари до крајот. Мислам дека нема ништо лошо во тоа што во ЛШ сме на мегдан со Тотенхем. Се е можно за 90 минути, а нас не интересира само една опција, победа“, вели Гвардиола.
