Благоја Милевски денеска официјално беше промовиран за селектор на репрезентацијата до 21 година откако изминатата недела го потпиша договорот со ФФМ.
„Гледам ситуација која ме разочарува, странци кои не се ништо подобри од нашите млади фудбалери а добиваат повеќе шанса за докажување во македонските клубови. Јас ќе реагирам и ќе испратам конкретни предлози до ФФМ. Мора да се смени правилото за настап на фудбалер до 21 година, младиот играч мора да игра минимум едно полувреме, без оглед за каков играч станува збор“ – вели Милевски.
„Видете во генерацијата со која бевме на ЕП, седум фудбалери беа од домашното првенство а малкумина играа во странство (Бабунски, Барди, Зајков…). Ние имаме проблем што оваа генерација има многу малку или воопшто немаат сениорски фудбал“ – додава Милевски.