Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри беше задоволен од настапот на неговата екипа на мечот против Каљари во 30.коло од Серија А и изјави дека играчите ги исполниле неговите задачи.
„Игравме добро и бевме компактни. Каљари исто така се претстави на ниво. Знаевме дека нема да биде лесно, но јас сум среќен со нашиот настап и трите бода кои што ги освоивме. Што се однесува до Кин, навистина сум среќе што тој денес повторно одигра одлично и постигна гол“ изјави Алегри.
Секако дека оваа победа е доста важна за екипата на Јувентус, пред се поради фактот што беше остварена без во тимот да бидат неколку клучни играчи.