Адриен Рабио и Реал Мадрид постигнаа усмен договор за трансфер на овој играч на „Сантијаго Бернабеу“, известува телевизијата „Канал +“.
Француската телевизија објави дека тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, ќе го привлече играчот од средниот ред на Париз Сен Жермен во текот на летото и ќе го гради својот нов тим околу него.
23-годишниот Рабио може да стане трето ново засилување на Реал Мадрид за новата сезона. Реал веќе ги потврди привлекувањата на Едер Милитао и Родриго. Трансферот на Адриен Рабио се очекува да биде официјално објавен за околу една недела.
Францускиот репрезентативец влезе во бележникот на шпанскиот гигант минатото лето, кога беше продаден хрватскиот интернационалец Матео Ковачиќ.

