Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ги процени шансите на Манчестер Сити да победат на сите четири турнири оваа сезона, истакнувајќи дека овој тим на Пеп Гвардиола има капацитет за такво остварување, и тој воопшто не се сомнева дека тоа е можно.
„Ако погледнете однадвор, можете да помислите дека Сити може да ги освои сите четири трофеи. И јас мислам исто така. Тие изгледаат како најдобар тим во светот. Барселона, Јувентус и Сити се трите главни фаворити во Лигата на шампионите. Можеби изгледа дека од овој состав на Сити е стабилен, но тоа не значи и дека ќе бидат победници на сите натпреварувања. Затоа сме тука ние другите да се потрудиме тоа на не биде така“, изјавил Клоп.
