Според сите информации во англиските весници, Еден Азар ја игра последната сезона во дресот на Челзи. Најавите за негово заминување од Лондон се се почести, а и информациите кои кружат во медиумите блиски на клубот тоа го потврдуваат.
Реал (М) е тимот кој е сериозно заинтересиран за Белгиецот и ќе направи се ова лето да го донесе на „бернабеу“. „Марка“ веќе објваи дека договорот меѓу Азар и Перез е завршена работа, само се чека официјална потврда на соработката и меѓу двата клуба.
Реал веќе успеал да ги наговори лондончани да им го продадат фудбалерот кој влегува во последната година од договорот, а кој очигледно нема намера да потпише нов. Тоа значи дека Челзи ќе се обиде да извлече максимум од ситуацијата и да добие што поголема сума за неговата слобода.

