Атлетико Мадрид за само две минути синоќа го загуби мечот на гостувањето кај Барселона, но покажа добар фудбал. Сепак, бодовите останаа за каталонците, а тренерот на тимот Диего Симеоне вели дека било исклучително тешко да се игра 60 минути со играч помалку по исклучувањето на Диего Коста.
„Одигравме добро, посветено, се боревме. Не можам ништо да им забележам на фудбалерите. Не е лесно да се игра со десет на „Камп Ноу“. Не знам што му кажал Диего Коста на судијата, но ако тие зборови се вистина, тогаш заслужил црвен картон“, вели Симеоне.
Иако шампионската титула е скоро решена, Симеоне вели дека ќе се борат до крај да освојат што е можно повеќе бодови.