Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Скопје домаќин на карате семинар во организација на „Карате центар Пејов“
    Домашен микс

    Скопје домаќин на карате семинар во организација на „Карате центар Пејов“

    risteBy riste08/04/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    На 12 и 13 април во Скопје ќе се одржи Големиот балкански карате семинар 2 во организација на „Карате центар Пејов“ во Спорсткиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

    Семинарот ќе го водат инструкторите шихан Тони Петров од Бугарија – 7 дан, сенсеи Зоран Пејов од Македонија – 5 дан, сенсеи Ранко Вукотиќ од Црна Гора и сенсеи Милан Ѓокиќ од Србија – 7 дан.

    Главниот настан и свеченото отворање ќе се одржи на 13 април (сабота) во малата сала на „Борис Трајковски“ со почеток од 15 часот.

    Се очекуваат учесници од Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора, Турција, додека од Косово се чека потврда.

    Големиот балкански карате семинар е со мотото – Пат на мирот и љубовта, толеранција, разбирање и регионална соработка. Да се надминат разликите, да се биде пример на сите. Да се покаже дека ги има каратистисте. Практикувајќи го со нас (мајсторите-н.з.)  традиционалното карате – до, спортското карате, џиу џицу и самоодбрана.

    Да потсетиме дека Минатата година Големиот балкански карате семинар во Скопје од сите мајстори беше прогласен за најдобро организиран, на кого присуствуваа амбасадорите Душанка Дивјак – Томиќ од Србија, Иван Петков од Бугарија и заменикот на амбасадорот на САД, Микаела Швајцер – Блум, како и третиот секретар на српската амбасада Срѓан Недељковиќ.

    Идејата е со заедничка соработка да се изградат спортисти кои балканските земји ќе ги претставуваат на Олимписките игри во Париз 2024 (ако го има на листата на спортови на Игрите) и соработка со Францсуката карате федерација. Оваа врска се гради преку нашиот мајстор кој живее и работи во Франција, Стојан Стојанов, роден кавадарчанец.

    Годинава семинарот почна од Софија на 22 и 23 март, а продолжува во:
    Скопје – Македонија 12 и 13 април
    Ниш – Србија 7 и 8 јуни
    Будва – Црна Гора  20–23 јуни.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.