Фудбалерите на Тотенхем доцна вечер од 21.00 часот на новиот стадион ќе му бидат домаќини на Манчестер Сити во првиот меч од 1 /4 -то во Лигата на шампионите. Тоа е шести пат во сегашнава фаза да има дуел меѓу премиер-лигашите.
„Граѓаните“ се вбројуваат меѓу главните кандидати за освојување на титулата додека четата на Почетино ќе се обиде да направи изненадување. Тренерот на Тотенхем ќе мора да го врати победничкиот дух бидејќи во последните 6 средби неговите играч претрпеа дури 4 порази. Од друга страна, Манчестер е во серија од 14 победи на сите турнири .Во Тотенхем има проблеми со составот. Ерик Даер и Ерик Ламела се повредени додека Серж Орие и Фернандо Љоренте најверојатно ќе може да играат. Во Манчестер Сити, добрата вест е враќањето на Серхио Агуеро додека Клаудио Браво и Александар Зинченко се надвор од стројот. Гвардиола во последен миг ќе реши дали ќе ги искористи Делф, Менди и Вокер.
Можни состави: Тотенхем: Лорис, Трипие, Алдервајлер, Вертонген, Роуз, Сисоко, Али, Ериксон, Винкс, Сон, Кејн. Сити: Едерсон, Данило, Стоунс, Компани, Лапорт, Де Бруин, Фернандињо, Давид Силва, Бруно. Силва, Стирлинг и Жесус. Судија: Бјорн Кујперс (Холандија)

