Денеска на стадионот – „Енфилд“ ќе биде реализиран првиот дуел во 1 /4 финалето во ЛШ меѓу Ливерпул и Порто.
„Црвените“ се вбројуваат меѓу фаворитите за победничкиот пехар додека Португалците покажаа дека имаат квалитет да им парираат на големите. Двата тиме се сретнаа и во претходната сезона. Прво Ливерпул победи во Португалија со 5-0 а потоа во реваншот во Англија немаше голови. Статистичките податоци се целосно на страна на англичаните. Тие во претходните 6 натпревари против Порто имаат три победи и три нерешени. Згора на тоа избраниците на Клоп немаат пораз на домашен терен од изминатиот септември. Порто, пак, има доживеано само два пораза на гостински терен во тековнава сезона. Двете екипи имаат проблеми со ростерот. Домаќините ќе бидат без дефанзивецот Енди Робертсон, кој е казнет. Тоа значи дека Јирген Клоп ќе треба да процени дали на неговото место ќе го пушти универзалецот, Џејмс Милнер или пак, Алберто Морено, кој до неодамна лекуваше повреда и не е во оптимална форма. Во Порто, ситуацијата е уште понепријатна. “Змејовите” допатуваа во Англија со само 16 играчи. Напаѓачот Винсент Абубакар е повреден додека Ерера и Пепе се казнети.
Можни состави: Ливерпул: Алисон, Милнер, Ван Дајк, Матип, Александар-Арнолд, Вајналдум, Фабињо, Хендерсон, Мане, Салах и Фирмино. Порто: Касиљас, Переира, Милитао, Фелипе, Телес, Данило, Отавио, Корона, Брахим, Марега и Соарес. Судија: Метју Лахос (Шпанија)