Англискиот фудбалски состав Арсенал, може да биде наредната дестинација за играчот на Ајакс, Николас Таљифико, објавија медиумите на Островот.
Според нив, Аргентинецот, во последното интервју најавил дека во текот на летото може да направи трансфер во голем клуб каков што е Арсенал.
„За мене се заинтересирани тимови од Премиер лигата. Како дете, сонуваш да заиграш во таков силен шампионат“ – изјавил 31-годишниот фудбалер на холандскиот тим.

