Нашиот борач Владимир Егоров (-57 кг) успеа да го освои бронзениот медал на Европското првенство за сениори во слободен стил кое се реализира во Букурешт, Романија.
Тој во решавачкиот меч за третото место на пиедесталот беше подобар од Андреј Дуков од Романија. Тоа е прв медал за нашава земја од континенталните шампионати гледано од 2007 година.
Денеска и нашиот Могамегаџи Нуров (-97) ќе се бори за бронзата против Нурмагомед Гаџиев (Азербејџан).