Екипата на Порто вчера загуби на теренот на Ливерпул со 2-0 во првата пресметка од 1 /4 финалната фаза во Лигата на фудбалските шампиони а голманот на гостите, Икер Касилјас, вели дека неговиот тим има шанса да оди понатаму доколку одигра многу подобро во реваншот.
„Јас сум голем оптимист, верувам 100 проценти дека имаме шанси. Не можеме да мислиме дека се е готово. Се надеваме дека пред домашната публика ќе го оствариме посакуваниот резултат, –вели Касилјас кој втора година по ред добива аплаузи од фановите на Ливерпул.
„Убавината на фудбалот е во тоа, покажува какви се навивачите на „Енфилд“. Многу им благодарам, бидејќи секундите кога добивате аплауз од противничките фанови се посебни. Во Ливерпул секогаш ме респектираат“ – потенцираше Касилјас.