Стратегот на клупата на Барселона, Ернесто Валверде, пред денешното гостување на „Олд Трафорд“, потенцира дека екипата на Манчестер Јунајтед ќе биде максимално мотивирана да ја задржи добрата серија на победи.
Според него, двата дуела со „црвените ѓаволи“ во 1 /4 финалето во Лигата на фудбалските шампиони ќе бидат исклучително тешки, но, дека неговиот тим може да излезе како севкупен победник благодарение на мајсториите на Лео Меси. Аргетинецот кој игра во извонредна форма има постигнато 22 гола против англиските тимови во елитното натпреварување.
„Јас знам дека сите менаџери и играчи бараат начин за да запрат. Знаеме дека постојат различни начини да се неутрализираат играчите. Ќе видиме дали е можно. Ние очекуваме многу од Меси“ – вели Валверде.