Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ајакс посакува нов подвиг, дали Јувентус ќе дозволи такво нешто
    Фудбал

    Ајакс посакува нов подвиг, дали Јувентус ќе дозволи такво нешто

    risteBy riste10/04/2019No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Холандскиот Ајакс го пречекува Јувентус во една од најинтересни четвртфинални дуели од Лигата на шампионите. Мечот се игра на „Јохан Кројф Арена” во Амстердам.

    Холандскиот клуб направи сензационален пласман во оваа фаза на ЛШ, откако го елиминираше Реал Мадрид во 1/8-финалето, а Јувентус го елиминираше другиот мадридски клуб по незаборавен реванш во Торино. Двата тима се сретнале 12 пати меѓу себе, балансот е во корист на италијанскиот тим – 6 победи, 4 нерешени и 2 порази, што го става во улога на фаворит за краен победник во дуелот.

    Од создавањето на Лигата на шампионите во 1992 година двата тима се сретнале седум пати меѓусебно, а Ајакс нема победа, а еден од двата нарешени натпревари е финалето во 1996 година, кога Јувентус го освои трофејот по изведување на пенали.

    До последен  момент навивачите на „Старата Дама” беа загрижени за состојбата на мегаѕвезда Кристијано Роналдо, кој буквално сам го елиминираше Атлетико со хет-трикот на „Алијанц Стадион“, но Португалецот се опорави од повредата и најверојатно ќе започне од првата минута во Амстердам, откако ги пропушти последните четири натпревари во Серија А.
    Во последен момент сепак од составот отпадна искусниот дефанзивец Џорџо Киелини, кој се повреди.

    Надвор од комбинација за составот на Масимилиано Алегри поради повреди исто така се Мартин Касерес, Хуан Куадрадо и Андреа Барѕаљи, а под знак прашање се Даглас Коста, Емре Чан и Матија Перин.

    На левата бековска позиција се враќа Алекс Сандро, кој ќе биде партнер во одбраната со Даниеле Ругани, Леонардо Бонучи, Жоао Кансело.

    Во средината ќе дејствуваат Блез Матуиди, Сами Кедира и Миралем Пјаниќ, а нападот ќе водат Роналдо, Марио Манџукиќ и Федерико Бернадески, кој ќе добие шанса пред Паоло Дибала, како што се случи и на натпреварот со Атлетико. Младиот Моис Кин, кој добива шанса да игра во отсуство на Роналдо, ќе биде резерва.

    Во составот на Јувентус Матуиди и Бернадески ризикуваат да го пропуштат реваншот, ако добијат жолти картони и тоа може да наметне некакви измени на очекуваниот состав.

    Во составот на Ајакс единствениот од вообичаените стартери, кој ќе отсуствува поради казна е марокански фудбалер Нусаир Мазрауи. Останатиот дел од екипата ќе бидат стандардните играчи предводени од тренерот Ерик Тен Хаг. Лошите веста за Холанѓаните се голем број играчи кои висат со картони за реваншот. Тоа се Хаким Зиеш, Метијс де Лихт, Дејли Блинд и Николас Таљафико.

    Можни состави:
    Ајакс: Онана, Кристенсен, Лихт, Блинд, Таљафико, Ван де Беек, Јонг, Шоне, Зиеш, Тадиќ, Нерес.
    Јувентус: Шчесни, Сандро, Ругани, Бонучи, Кансело, Матуиди, Кедира, Пјаниќ, Роналдо, Манџукиќ, Бернадески.

    Мечот во Амстердам ќе го суди Де Черо од Шпанија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.