Бразилскиот интернационалец Нејмар се вратил на тренинг во својот клуб Париз Сен Жермен по скоро три месеци санирање на повредата, објавија од клубот.
Напаѓачот беше повреден на 23 јануари за време на натпреварот од Францускиот куп против Стразбур и од тогаш не играше. Додека тој не беше во можност да игра, екипата беше елиминирана во осминафиналето од Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед.
Парискиот тим има 20 поени предност на врвот на табелата во шампионатот и е блиску до освојување на нова титула.