Фудбалерот на Реал Мадрид, Каземиро, не е загрижен за неговата позиција иако медиумите најавуваат дека во текот на летото „кралевите“ може да ги ангажираат Еден Азар и Пол Погба кои ќе му бидат конкуренција за првата постава.
Белгиецот игра нешто понапред во форот, но, Погба, настапува на истиот дел до теренот на кој се движи и Каземиро. Тоа не го загрижува играчот на шпанскиот состав кој верува дека има квалитет да конкурира за првиот тим.
„Погба е компатибилен со секој играч и со секој тим. Тој сигурно мисли на Лигата на шампионите, но сепак не можеме да зборуваме подетално бидејќи не е во нашиот тим“ – вели Касемиро.

