Тренерот на фудбалерите на Наполи, Карло Анчелоти, по вчерашниот пораз кај Арсенал со 2:0 во рамките на елиминациите во Лигата на Европа, вели дека ништо не е загубено и дека неговите фудбалери ќе имаат шанса во реваншот.
„Ќе играме пред нашата публика која ќе направи одлична атмосфера.Тоа ќе ни даде голема самодоверба. Мислам дека го загубивме мечот во првите 20. минути додека во вториот дел имавме неколку шанси, но, не погодивме“ – вели Италијанецот.
„Мислам дека мораме да го заборавиме резултатот. Знаевме дека ќе биде тешко бидејќи Арсенал е квалитетен состав. Сепак, реваншот ќе го одиграме на нашиот терен и тоа ни дава надеж“ – изјави Анчелоти по вчерашниот пораз на гостувањето на „Емирати“.
