Фудбалерот на Спортинг, Бруно Фернандес, влегува во радарот на тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.
Според медиумите во Англија, токму „црвените ѓаволи“ се најсериозните кандидати да дојдат до потписот на 24-годишниот играч за врска. Се шпекулира дека Јунајтед конатктирал со агенцијата која го застапува Бруно Фернандес и дека биле направени првите разговори за неговиот можен трансфер на „Олд Трафорд“.
Фернандес досега одигра 46 средби во сите натпреварувања на кои постигна 27 голови и запиша 15 асистенции. Тој има договор со Спортинг до 2023 година а неговата откупна клаузула е од 100 милиони евра.

