Во Англиската пресметка од четвртфиналето во Лигата на шампионите, Тотенхем го победи Манчестер Сити со 1:0 пред една недела на својот нов стадион во европската премиера на новиот дом на Тотенхем, но доби тежок удар поради повредата на првата ѕвезда Хари Кејн, кој ќе го пропушти остатокот од сезоната.
Без водечката фигура Тотенхем ќе се обиде вечерва од 21,00 часот на „Етихад” да му го уништи сонот на Манчестер Сити за четири трофеи во сезоната.
Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола изненадувачки во првиот натпревар се одлучи да ги остави на клупата Лерој Сане и Кевин Де Бруин кои за исклучително краток престој на теренот успеаја да создадат повеќе шанси пред голот на Уго Лорис отколку за целиот натпревар пред тоа. Покрај тоа, Сити промаши пенал преку Серхио Агуеро. Вечерва Пеп Гвардиола нема да прави никакви експерименти и ќе ги стави најдобрите на терен.
Неговиот колега Маурисио Почетино има и други проблеми освен отсуството на Хари Кејн, но интересно е тоа што оваа сезона Тотенхем победи и пет натпревари без својот голгетер. Тотенхем отпадна од борбата за трите трофеи на Островот и во моментов се бори само за место во топ 4 и Лигата на шампионите, што укажува дека играчите ќе бидат исклучително фокусирани вечерва.
Се очекува да играат во средината на теренот со Муса Сисоко и Виктор Ванијама. Неизвесен е Деле Али, како и Ерик Ламела. Тешко дека за овој натпревар ќе миже да сметаат на Серж Орие, Ерик Дајер и Хари Винкс кои се повредени.
Кој ќе оди во полуфинале ќе дознаеме вечерва, но едно е сигурно – не очекува интересен дуел „Етихад“ дури и за неутралните навивачи.
Можни состави:
Манчестер Сити: Едерсон, Вокер, Стоунс, Отаменди, Лапорт, Де Бруин, Фернандињо, Давид Силва, Бернардо Силва, Агуеро, Стирлинг.
Тотенхем: Лорис, Вертонген, Д.Санчез, Алдервејрелд, Роуз, Ванијама, Сисоко, Трипиер, Деле Али, Ериксен, Сон.
Овој натпревар на „Етихад“ му е доделен на главниот судија Чунеј Чакир од Турција.

