Порто го пречекува Ливерпул вечерва од 21.00 часот на стадионот „Драгао“ во реваншот од 1/4 финалето на Лигата на шампионите.
Пред една недела англискиот тим победи со 2:0 дома и си обезбеди важна предност, но Португалците не се предаваат и сонуваат за чудо и елиминирање на тимот предводен од менаџерот Јирген Клоп.
Во Порто се чувствуваа оштетени во првиот натпревар и ќе се обидат да ја вратат правдата вечерва. Тие протестираа за прекршокот на Мохамед Салах и недосудениот пенал. Дури и по натпреварот на „Енфилд“, тренерот Серџио Консеисао рече дека не би било неправедено ако неговиот тим постигнал гол. Минатата сезона, двата тима се сретнаа во осминафиналето, а Ливерпул беше поуспешен.
Порто на домашен терен беше поразен со 5:0, но домаќините тешко дека ќе дозволат таков пораз вечерва.
Во Порто се враќаат, Пепе и Ектор Херера, кои го пропуштија првиот натпревар во Ливерпул поради суспензија. Од друга страна Јирген Клоп, ќе може да смета на Енди Робертсон, кој исто така не го играше на „Енфилд“ поради казна. Дејан Лорен, кој е болен, е надвор од неговите планови, и тој очекува Жоел Матип да застане до Вирџил Ван Дајк во срцето на одбраната.
Историјата на дуелите помеѓу двата тима е релативно богата, тие се сретнале седум пати. „Црвените” имаат 4 победи и 3 нерешени, а Порто продолжува да сонива за прв успех.
Можни состави:
Порто: Касиљас, Милитао, Фелипе, Пепе, Телес, Корона, Данило, Е.Херера, Отавио, Марега, Тикињо.
Ливерпул: Алисон, Робертсон, Ван Дајк, Матип, Арнолд, Кеита, Фабињо, Хендерсон, Мане, Фирмино, Салах.
Натпреврот на „Драгао“ помеѓу Порто и Ливерпул ќе го суди Дани Меккели од Холандија.