Јовиќ во Ајнтрахт играше како позајмен фудбалер од Бенфика уште од 2017, a во договорот имаше опција Германците и комплетно да го откупат.
Сумата на откупот е шест милиони евра, колку што беше наведената во договорот со Бенфика. Иако го откупи договорот, Ајнтрахт има голема веројатност да го продаде Јовиќ уште ова лето.