Менаџерот на Тотенхем Маурисио Почетино беше на седмо небо по драматичниот натпревар против Манчестер Сити и пласманот на неговата екипа во полуфиналето од Лигата на шампиони.
Тотенхем загубија со 3:4, но благодарение на повеќето голови на гостински терен се пласирааше во полуфиналето на Лигата на шампионите, каде што ќе се сретнат со Ајакс.
„Тоа беше неверојатен натпревар ! Посебно каков крај ! Многу сум среќен и се гордеам со играчите. Тие се херои ! Мило ми е и за нив, и за нашите навивачи“, изјави возбудено Почетино неколку минути по завршувањето на дуелот.
„Во еден момент во главата те напаѓаат секакви мисли и си бескрајно разочаран, но потоа една одлука менува се. Затоа го сакаме фудбалот. Тотенхем покажа карактер и волја во еден навистина незаборавен натпревар”, додаде Аргентинецот. Лондончани не играле во полуфиналето на најпрестижното натпреварување во Европа. Првиот натпревар против Ајакс е на 30 април, а реваншот ќе се игра на 7-ми мај.

