Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, се надева дека ќе успее да собере сума од 150 милиони фунти за купување нови играчи ова лето. Тимот најверојатно ќе ги продаде Киран Трипиер и Дани Роуз во текот на летото, за да може да собере дополнителни средства во буџетот за трансфери, кој во моментов не надминува 60 милиони фунти.
Идејата на Почетино е да го засили тимот, за да може следната сезона да се тргне во лов на трофеи и поголеми цели, особено титулата во Премиер лигата.
Меѓу фудбалерите кои летово веројатно ќе го напуштат Лондон се и Кристијан Ериксен кој е пред преселба во Реал, но за кого Почетино се обидува о сите сили да го задржи во тимот, како и Виктор Ванјама.