Фудбалерите на Јувентус осма година по ред се шампион на Италија, откако на пет кола до крајот на сезоната во Серија А имаат недостижна предност пред второпласираниот Наполи.
Денес во Торино Јувентус ја совлада Фиорентина со 2:1 и на тој начин има недостижна предност пред конкурентите. Оваа титула е петта со Масимилијано Алегри на клупата, со што тренерот од Ливорно стана прв тренер во историјата на шампионатот на Италија со пет освоени титули во Серија А едно по друго.
Ако се додаде и една титула која ја освои како тренер на Милан, Алегри сега е на второто место зад Џовани Трапатони, кој има седум титули. Алегри ги мина Капело и Липи кои имаат пет.
Само двајца фудбалери на Јувентус се шампиони осум години по ред и учествуваа со сите осум сезони во кои „старата дама“ доминираше во италијанскиот шампионат. Капитенот Џорџо Киелини и колегата од одбраната Андреа Барѕаљи влегоа во историјата како единствени играчи со осум последователни титули. Киелини ќе има шанса да биде сам со девет титули затоа што и следната сезона ќе настапува за Јуве, додека Барѕаљи ќе ја заврши кариерата и ќе добие место во стручниот штаб.