Бидејќи репрезентативецот на Белгија, Еден Азар, во текот на летото ќе го напушти Челзи и ќе замине во Реал Мадрид, челниците на тимот сериозно ги разгледуваат сите можни опции за негова замена.
Спред медиумите, тие ќе се обидат да го ангажираат фудбалерот на Барселона Филипе Кутињо. Бразилецот бидејќи не ја добива потребната минутажа во конкуренција со Меси и Луис Суарез, размислува да ја промени средината.
Тоа според најавите може да се случи уште во текот на летниот трансфер период.