Стефани Фрапар ќе биде првата жена што ќе суди на натпревар од француската фудбалска Лига 1, ова го потврди Фудбалската федерација на Франција.
Ова ќе се случи во недела, на 28-ми април, кога 35-годишната Фрапар која е фудбалски судија ќе го суди натпреварот меѓу тимовите од Амиен и Стразбур во 34-то коло од Лига 1 во Франција.
Фрапар е единствениот фудбалски судија во Франција која има право да суди натпревари од женскиот шампионат, но се пријави и за судење на натпревари од машкиот шампионат, таа исто така е и првата жена што игра во Втора лига, второ ниво на фудбал во Франција.
Но, Фрапар не е првиот судија – жена што води натпревар на едно од петте водечки првенства во Европа. Во 2017 година Бибиана Стајнхаус го судеше натпреварот меѓу Херта (Берлин) и Вердер (Бремен) од Бундеслигата, кој заврши 1:1.

