Kрилото на Челзи, Педро Родригез, за претстојниот натпревар против „црвените ѓаволи“ в недела вели дека е меч – финале. „Сините” моментално ја заземаат четвртата позиција во табелата на Премиер лигата со 67 бода, три пред Манчестер Јунајтед. Арсенал е меѓу нив со 66 бода, што значи дека ниту една од двете екипи не смее да си дозволипораз ако сака следната година да игра во ЛШ.
„Ова е финале за нас”, изјави Педро за Sky Sports. “Важно е да се заврши во ТОП 4. Ни требаат бодовите во Манчестер, но знаеме дека ќе биде тешко. Тие имаат многу добри играчи и многу добар тим. Да, можеби тие не се во најдобра форма, но потребен ни е солиден тим ако сакаме да ги победиме “, додаде Шпанецот.

