Раководството на Милан одлучило да не им понуди нови договори на Рикардо Монтоливо, Хозе Маури и Андреа Бертолачи, па затоа тројцата ќе го напуштат тимот по крајот на сезоната, кога сегашните договори им истекуваат, тврди „Газета дело Спорт”.
Тимот има сериозни проблеми со формата во последните неколку недели, а се зборува дека Џенаро Гатузо сигурно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната независно од резултатите во следните неколку кола.
34-годишниот Монтоливо пристигне во тимот од Фиорентина во сезоната 2012/2013 и со оглед на неговата возраст тој потег е логичен, но на Бертолачи се сметаше како голем потенција , но не успеа да се снајде па се смета дека постои можност тој да го засили својот поранешен тим Џенова како слободен агент.
Mладиот Шпанец Хозе Маури пак е во тимот од 2015 година, но има само 10 натпревари за тимот за последните години.