Италијанскиот тим Аталанта ги објави плановите со кои ја започнува реконструкцијата на својот клубски стадион „Аѕури Ди Италија“ во Бергамо.
Реконструкцијата на овој стадион ќе чини 40 милиони евра и мора да биде подготвен до 2021 година. Поправките ќе започнат на почетокот на следниот месец, што значи дека последните два домашни натпревари од оваа сезона ќе ги одиграат на стадионот „Мапеи“ во Реџо Емилија каде што своите натпревари ги игра екипата на Сасуоло.
Вечерва екипата на Аталанта на домашен терен на својот стадион го пречекува Удинезе, натпреварот е значаен за двата тима, Аталанта се бори за пласман во Топ 4, а Удинезе за опстанок.