Првите луѓе на италијанскиот фудбалски состав Милан донеле одлука тренерот, Џенаро Гатузо да остане на функцијата до крајот на сезоната а потоа да го напушти клубот од „Сан Сиро“.
Милан вчера загуби од Торино по што се појавија шпекулации дека Гатузо набрзо ќе биде отпуштен иако до крајот на сезоната има само уште четири кола. Сепак, раководството на „росонерите“ оцени дека тоа не е добро за тимот и дека Гатузо треба да ја заврши сезоната а дури потоа да си замине од тимот.
Милан заедно со Рома, Аталанта, Торино и Лацио се бори за четвртото место на табелата кое носи пласман во Лигата на шампионите за наредната сезона.