Дефанзивниот фудалер на Интер Андреа Ранокија го продолжи договорот со клубот до 30 јуни 2021 година.
Според информациите кои беа објавени во медиумите во Италија, Ранокија ќе добие годишна плата од 1,5 милиони евра плус дополнителен бонус според постигнатите резултати.
31-годишниот фудбалер е во Интер од јануари 2011 година. За овој период, овој одбрандбен играч има одиграно 195 натпревари, а прито апостигна и 12 гола за „нероазурите“.