Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери, призна дека ќе имаAT многу тежок натпревар дома против Валенсија во полуфиналето на Лигата на Европа во четврток.
“Тие се добар тим со многу силни играчи, тоа ќе биде крајно тежок меч за нас, но нашите амбиции на овој турнир се многу големи. Ова може да биде позитивно за нас, но може да биде и негативно. Мора да го покажеме најдоброто што го можеме, мораме да се подготвиме на најдобар можен начин, мора да се справиме позитивно“, вели Емери.
Шпанскиот специјалист е поранешен тренер на Валенсија кој го предводеше овој тим во периодот 2008-2012 година.
