Шпанскиот голман, Икер Касилјас кој претрпе срцев удар, ќе мора да се повлече од активно играње фудбал. Тоа го потенцира поранешниот кошаркар на Реал Мадрид и актуелен кардиолог, Хуан Антонио Корбалан.
На чуварот на мрежата на Порто му беше поставен стент на срцето. 37-годишниот голман иако се огласи на социјалните мрежи дека се чувствува добро, сепак нема да може да се врати на теренот барем според зборовите на Корбалан.
„Не може да се игра фудбал со стент на коронарните артерии дури и ако станува збор за голман. Икер повторно ќе има нормален живот, но, нема да може да игра професионално” – објасни тренерот пред националната шпанската телевизија – „TVE”.