Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, кој се вбројува меѓу најдобрите дефанзивци на светот, вели дека никој не може да го запре Лео Меси кој вчера постигна два гола против „црвените“ во полу-финалето во Лигата на шампионите.
„Не загубивме ние од Барселона, туку загубивме од најдобриот фудбалер на сите времиња. Никој не може да го сопре Меси, па ни јас. Не е проблем Барса, проблемот е Меси“ – вели Холанѓанецот.
„Нема што повеќе да се каже за Меси. Јас сум среќен што не сум во Ла Лига бидејќи ќе треба секоја сезона да играм против него“ – потенцираше стоперот на Ливерпул по вчерашниот пораз од 3-0 на стадионот – „Камп Ноу“.