Фудбалерите на Ливерпул не успеаа да извлечат поволен резултат на теренот на Барселона во првиот меч од полу-финалето во Лигата на шампионите. „Црвените“ иако беа рамноправен противник на „Камп Ноу“, загубија со големи 3-0 што максимално им ја компликува ситуацијата пред реваншот во Англија. Германскиот тренер на клупата на гостите, Јирген Клоп, вели дека неговите избраници не заслужиле таков убедлив пораз.
„Моите момци играа многу добро, но, не ги искористивме шансите . Не знам дали е возможно да играме подобро од денешново издание. Не можам да бидам задоволен од резултатот иако е реалност“ – вели Клоп.
„ Ќе биде тешко во реваншот, но, додека има шанси нема да се предадеме. Сега мораме брзо да заборавиме на се што се случи вечерва“ – изјави тренерот на Ливерпул по вчерашниот меч во Шпанија.