Голманот на Барселона, Марк Андре Тер Штеген, рече дека неговиот тим не треба да се гледа како сигурен патник во финалето во Лигата на фудбалските шампиони иако доцна синоќа славеше против Ливерпул со големи 3:0.
„Неверојатна ноќ на Камп Ноу!. Тежок меч, напорно работевме за да го постигнеме посакуваниот резултат, навистина имавме голема поддршка и од навивачите“ – напиша голманот на Каталонците на социјалните мрежи.
„Мислам дека реваншот ќе биде уште потежок иако ние ќе направиме се, за да влеземе во големото финале. Работата уште не е завршена, не чека вториот меч” – напиша на – „Твитер“ искусниот чувар на мрежата на Барселона.