Поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Ливерпул, Челзи и сега на Саган Тосу од Јапонија, Фернандо Торес, може да се пресели во мексиканската екипа Атлетико (Сан Луис) во текот на летото.
Според медиумите, улогата на сопственикот на Атлетико може да има главна улога за трансферот на Торес во мексиканскиот клуб и да се реализира истиот.
Во тековната сезона, 35-годишниот Шпанец учествуваше на 8 натпревари вп дресот на Саган Тосу и уште не постигнал гол. Торес се приклучи на јапонскиот тим од Атлетико Мадрид во јули 2018 година.