Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, тврди дека неговите фудбалери не се паднати психички по поразот од Барселона во Лигата на шампионите и дека со сите сили ќе ја продолжат трката за победничкиот пехар во Премиер лигата. Според германскиот стратег, „црвените“ се максимално мотивирани да го совладаат Њукасл во новото коло во премиер-конкуренцијата.
„Кога се бориш за титулата и гледаш дека можеше да ја освоиш не чувствуваш замор туку влечеш дополнителна сила. Амбицијата е пеколна, но, ние знаеме дека не е сè во нашите раце“ – потенцира Клоп.
„Единствено што можеме да направиме е да победиме против Њукасл. Тоа е нашиот проблем а не како ќе одиграат Манчестер Сити и Лестер. Наша задача е да пронајдеме начин да го победиме Њукасл” – изјави тренерот на Ливерпул.