Претседателот на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу, го сподели своето мислење за промена на форматот на Лигата на шампионите кој се подготвува во соработка меѓу УЕФА и Асоцијацијата на европските фудбалски клубови.
„Играме многу натпревари во Лигата на шампионите, но не против тимови како Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Ова ги прави таквите игри посебни, но ова е погрешно. Фановите сакаат да видат повеќе вакви овие натпревари, а од 2024 година тоа ќе го имаме со новиот формат. Никој не зборува за затворена лига за најбогатите. Тоа ќе биде еволуција, а не револуција во Лигата на шампионите, а ние ќе го смениме турнирот на подобро“, вели претседателот на Барселона.
Барселона утре гостува кај Ливерпул во реванш полуфиналето од ЛШ со предност од првиот меч од 3:0.