Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез сериозно ја сфати елиминацијата на неговиот тим во Лигата на шампионите.
“Ние, фудбалерите сме на теренот, а не тренерот. Ернесто Валверде го пушти истиот состав од првата средба, но не игравме како тим. Треба да побараме прошка од навивачите”, изјави Уругваецот.