Вечерва во 21:00 часот започнува вториот полуфинален дуел во Лигата на Шампионите. Втор пат еден против друг на „Јохан Кројф Арена” ќе се соочат тимовите на Ајакс и Тотенхем.
Првиот дуел во Лондон заврши со успех на Холанѓаните од 1:0, кој им дава предност пред вечерашниот дуел. Во исто време, сепак предноста не е толку голема и лондончани имаат сосема реални шанси да се обидат да направат пресврт.
Ајакс е најпријатно изненадување во овогодинешното издание на Лигата на шампионите. Холандскиот гигант има одлична сезона дозволи да има само еден пораз досега – од Реал Мадрид во 1/8-финалето. Уште од групната фаза играчите на Ерик тен Хаг го покажаа својот потенцијал, во својата група „Е” имаа 3 победи и 3 нерешени. Тие ја направија првата сензација во 1/8-финалето, елиминирајќи го актуелниот носител на трофејот Реал Мадрид. Некои сметаа дека тоа е случајност, но на 1/4-финалето му земаа скалп и на друг тим кој беќе меѓу фаворитите на турнирот, Јувентус. Од тој момент веќе никој не се сомнева во способностите на Холанѓаните, кои постигнаа добар резултат и на гостувањето кај Тотенхем во Лондон и се на чекор до финалето.
Тотенхем ја започна сезоната доста променливо и буквално со магија обезбеди пласман во елиминациската фаза затоа што имаа ист број на бодови со Интер, но успеаја да дојдат до 2-та позиција поради подобриот ефект во директните дуели. Потоа Англичаните добија самодоверба со две победи над Борусија (Дортмунд) во 1/8-финалето и неверојатното елиминирање на Манчестер Сити во 1/4-финалето. Сега веќе апетитот на играчите на Маурисио Почетино е зголемен и посакуваат трофеј иако во моментов не се во некоја поволна позиција пред денешната средба.
Во единствениот меч меѓу Тотенхем и Ајакс во Европа, англискиот тим беше победник. Тие победија и на двете средби во сезоната 1981/82.
Тренерот на Ајакс Тен Хаг ќе го има на располагање најсилниот тим, единствено ќе недостасува Карел Ајтинг.
Во исто време, Маурисио Почетино има многу повеќе главоболки. Повредени се Хари Кејн и Серж Орие. Ерик Ламела, исто така, нема да биде достапен. Добрата вест е поврзана со Јан Вертонген и Муса Сисоко. Дефанзивецот добил непријатен удар во главата на првиот натпревар кога се судри со Тоби Алдервејрелд. За среќа, нема сериозна повреда и ќе можеме да играме вечерва. Подготвен да игра е и Муса Сисоко.
Ајакс – Тотенхем (1:0 прв натпревар)
Можни состави:
АЈАКС: Онана, Фелтман, Де Лихт, Блинд, Таљафико, Шоне, Де Јонг, Ван де Бек, Зиеш, Тадиќ, Нерес
ТОТЕНХЕМ: Лорис, Алдервејрелд, Санчез, Вертонген, Трипиер, Сисоко, Ванјама, Роуз, Ериксон, Деле Али, Сон
Стадион: “Јохан Кројф Арена”
Судија: Феликс Брих (Германија)