Францускиот шампион Париз Сен Жермен нема да го продолжи договорот на Џанлуиџи Буфон, објави весникот „Спорт Билд“.
Во договорот на искусниот голман постои клаузула која му овозможува на клубот да го задржи уште една година. Оваа опција, сепак, нема да биде искористена од ПСЖ, а Буфон ќе го заврши својот престој на „Паркот на принцовите“ по само една сезона помината во дресот на ПСЖ.
Џиџи Буфон го засили ПСЖ минатото лето откако ја заврши својата долга кариера во Јувентус.

